Уште еден кумановец приведен поради поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријва против В.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 04.08.2019 на улицата „Страшко Симонов“ во Куманово полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Инаку, ова е само уште еден во низата случаи каде млади кумановци заработуваат кривични пријави поради поседување марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply