Уште еден кумановец наседнал на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишен кумановец е нова жртва на измамата поврзана со продажба на огревни дрва. Тој вчера бил оштетен за 200 евра.

Loading...

– На 02.06.2021 година во 17.45 во СВР Куманово, 67-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, само да му донесе испратница, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор ист случај оваа сезона, а ваквите измами се случуваат секоја година.

Никола Ивановски

Leave a Reply