Уште два автобуси откриени како вршат превоз без соодветни документи

Сподели со своите пријатели

Два автобуси вчера биле откриени на Граничниот премин Табановце како вршат меѓународен превоз на патници без соодветна документација.

Loading...

– На 30.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Никола Ивановски