Уште 11 дена до настапот на Цеца

Сподели со своите пријатели

Кумановци бројат ситно, настапот на звездата се ближи. Уште само 11 дена не делат од спектакуларниот концерт на најголемата балканска звезда, Цеца. Според информациите кои ги добивме од организаторите, пеачката доаѓа со цел тим на луѓе одговорни за нејзиниот изглед, вклучувајќи сопствена фризерка и шминкер. Во денешниов разговор со менаџерскиот тим кој стои зад организацијата на овој концерт, Спортската Сала ќе биде озвучена по сите светски стандарди, како и што доликува за настап на звезда од овој ранг.

Loading...

Покрај озвучувањето, најавено е и професионално осветлување, додека салата ќе биде средена и декорирана, додека концертот ќе трае минимум два часа. Организаторите се имаат погрижено за се, па така пред настапот на Цеца ќе има и загревање на атмосферата. Накратко кажано, можеме да очекуваме концерт каков што Куманово до сега нема видено. Продажбата на влезници оди одлично, нивниот број е помал секој ден, па наш совет е на време да ја обезбедите својата влезница.