Уметница прави уникатни тетоважи кои изгледаат како да се од анимирана бајка!

Сподели со своите пријатели

Дали ве привлекуваат тетоважи? Ако размислувате за тоа што може да ви одговара, добро е да ја знаете работата на неколку уметници и да знаете колку е добар резултатот. А, примерите во оваа статија можат да ве убедат дека дури и слики во боја, кои изгледаат како да се исечени од анимиран филм, навистина можат да ви го одземат здивот.

Loading...

 

 

Чен Жи е тату мајстор од Кина, која го основала студиото за тетоважи Њутато студио. Особено на Инстаграм, таа станала исклучително популарна поради нејзината уникатна работа, додека сликите што ги создава изгледаат како да се насликани. Според порталот Брајтсајд, уметничката, благодарение на својата умешност, веќе привлекла многу клиенти од странство во нејзината родна Кина, кои сакаат парче од нејзината работа на нивната кожа.

Во исто време, кариерата на уметничката започнала со прилично необична инспирација. Чен Жи се сеќава на денот кога ја видела тетоважата што ја инспирирала да влезе во светот на тетоважите.

Тоа било тетоважа на раката на Анџелина Џоли што ја видела во едно списание. Подоцна, таа била уште повеќе инспирирана од уметникот кој ја учел, и конечно во 2004 година, таа одлучила да го посвети својот живот на оваа уметност.

Loading...

Кога ги совладала техничките можности за тетовирање, сфатила дека никој во Кина не прави тетоважи во стилот на акварел. Таа била воодушевена од кинески слики. Одлучила да се обиде и да го прифати овој стил на сликање на човечки тела. Подоцна се прославила.


Како што вели, била многу нервозна при првата тетоважа, но, за среќа, имала многу убави и поддржувачки пријатели кои сакале да истетовираат нешто на нивното тело и се довериле на нејзините раце. Бидејќи стереотипите за тетоважите исчезнале со текот на годините, покрај младите клиенти, во нејзиното портфолио веќе се и нивните родители и различни возрасни категории.

Leave a Reply