Улица во Велс влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстрмна улица во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гинисовата книга на рекорди ја прогласи една улица во северозападен Велс за најстрмна во светот, па досегашниот рекордер, улицата на Нов Зеланд остана на втората позиција.

Loading...

Улицата „Ffordd Pen Llech“ која се наоѓа во историскиот крајбрежен град Харлеч, позната е по средновековен замок, има успон од 37,45 отсто во споредба со 35 отсто колку што имала претходната рекордерка, новозеландската улица „Болдвин“.

– Исклучително сме среќни што оваа улица е препознаена како најстрмна улица во светот, не само во Велс, не само во Велика Британија, не само во Европа, туку во целиот свет, рекол Гвин Хидли, претприемач и историчар по архитектура кој е жител на оваа гратче.

Според критериумите на Гинисовата книга на рекорди, улицата мора да биде јавна сообраќајница, целосно асфалтирана и долж неа мора да се издигаат згради.

Новозеландската улица Болдвин, откако е евидентирана во Гинисовата книга на рекорди како најстрмна, доживеала вистински туристички бум.

– Се надевам дека жителите на Харлеч уживаа во новиот рекорд и дека тоа во градот ќе донесе многу нови луѓе, рекол Крег Глендеј, главен и одговорен уредник на Гинисовата книга на рекорди.

Истовремено некои жители на новозеландската улица изразиле задоволство затоа што се „решиле од досегашната титула“ поради туристите.

Leave a Reply