Украинските власти: Руски напад со дрон врз Киев, нема жртви

Сподели со своите пријатели

Украинските сили спречија напад на руски беспилотни летала во Киев во текот на претходната ноќ, соопштија украинските воени власти, додавајќи дека нема жртви или материјална штета.

Loading...

„Синоќа непријателот го нападна Киев со беспилотни летала. Сите воздушни цели беа откриени и уништени. Според досегашните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град“, изјави утрово началникот на локалната воена управа Сергиј Попко.

Во Киев синоќа имаше тревога, а воените власти ги повикаа жителите да останат во засолништа.

Попко рече дека тоа е шести напад со беспилотни летала врз Киев во текот на јули.

Руските власти вчера најавија дека ќе одговорат на нападот со дрон што го изврши Украина во Москва и Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.