Украинскиот извоз на жито е намален за 32 отсто

Сподели со своите пријатели

Извозот на жито од Украина годинава е намален за 32 отсто во однос на претходната година, на 13,4 милиони тони од 19,7 милиони тони на истиот датум во 2021 година, објавија денеска податоците на Министерството за земјоделство.

Loading...

Извозот на жито во земјата е намален по инвазијата на Русија во февруари, а затворањето на нејзините пристаништа на Црното Море ги зголеми глобалните цени на храната и стравувањата од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.

Три црноморски пристаништа беа деблокирани на крајот на јули во согласност со договорот меѓу Москва и Киев, со посредство на Обединетите нации и Турција.

Испораките продолжуваат и покрај одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот, јавува Радио Слободна Европа.

Украина извезла 5,1 милион тони пченица, 7,1 милион тони пченка и 1,1 милион тони јачмен.

Владата рече дека Украина може да собере меѓу 50 и 52 милиони тони жито оваа година, што е голем пад од рекордните 86 милиони тони во 2021 година, поради руската инвазија и пониските приноси.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.