Украинската армија соопшти дека соборила 45 дронови

Сподели со своите пријатели

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 45 дронови од иранско производство, лансирани од Русија на новогодишната ноќ.

Loading...

„Ноќта на 31 декември 2022 година кон 1 јануари 2023 година, руските освојувачи ја нападнаа Украина со беспилотни летала камикази „Шахед-131/136“ од иранско производство“, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Според нив, пред полноќ биле соборени 13 дронови, а по полноќ 32.

Не е прецизирано дали другите дронови ги погодиле нивните цели.

Шефот на киевската полиција Андриј Небитов објави фотографија на Фејсбук на која се гледа како што изгледа како остатоци од едно од беспилотните летала, со порака: „Среќна Нова Година“ на руски.

„Тоа е се што треба да знаете за терористичката држава и нејзината армија“, напиша тој.

Новинарите на агенцијата Франс прес слушнале експлозија над Киев околу еден час по полноќ и доаѓањето на 2023 година. Ова се случи по вчерашниот ден одбележан со гранатирање, кога најмалку едно лице загина, а десетици беа ранети.

Од друга страна, проруските власти на истокот на Украина соопштија дека еден цивил е убиен при украинско гранатирање денеска во Јасинувата, во областа Доњецк.

Loading...

Според нив, цел на украинската армија бил и Доњецк и соседниот град Макеевка, нешто по полноќ, при што биле ранети 15 лица.