Украинките повикани на воена служба од 1 октомври

Сподели со своите пријатели

Украинките кои се регрути мора да се пријават за воена служба од 1 октомври, но нема веднаш да се применат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на украински медиуми.

Loading...

– Воениот рок ќе мора да се пријават од 1 октомври. Станува збор за државјанки на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применат за жените кои не се регистрирале – објави агенцијата УНИАН, повикувајќи се на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.

Претходно Генералштабот на украинската армија објави дека жените ќе бидат вклучени во воената евиденција само со нивна согласност, пренесува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.