Украинец тешко повреден во сообраќајка во кумановско

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен Украинец е тешко повреден откако со својот мотор излетал од магистралниот пат Свети Николе – Куманово.

Loading...

– На 04.06.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Никола Ивановски