Украина: Уништивме 37 руски дронови

Сподели со своите пријатели

Украина уништи 37 руски дронови од неделата вечерта, што претставува повеќе од 85 отсто од сите дронови кои учествуваа во нападот на украинските градови, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.

Loading...

„Тоа е прилично добар резултат од работата на нашата противвоздушна одбрана, а бројот на соборени дронови само ќе се зголемува во иднина“, рече Ихнат на прес-конференција.

Тој појасни дека беспилотните летала летале во Украина од југ, пренесе Ројтерс.

Според украинските власти, Украина е нападната од синоќа и неколку градови се на удар на руски камикази дронови , вклучувајќи го и главниот град Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.