Украина тврди дека од почетокот на војната ослободила 40.000 километри квадратни

Сподели со своите пријатели

Украина ослободила повеќе од 40.000 km² територија од почетокот на руската инвазија, објави нејзината Канцеларија за стратешка комуникација.

Loading...

Тоа е речиси двојно повеќе од површината на Словенија, која е 20.273 км².

Во последниве месеци, Украина извести за повторно заземање на многу позиции, особено долж источниот и јужниот фронт.

Володимир Зеленски пред две недели изјави дека украинските сили го ослободиле селото Старомајорск во Доњецк, пишува Sky News.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.