Украина: Русија ја нападна Одеса со 12 дронови (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Руската армија ја нападна областа Одеса со 12 дронови при што е оштетена дел од јавната инфраструктура, но нема жртви, соопштија украинските власти.

Loading...

Дроновите кои ја избегнале украинската воздушна одбрана оштетиле јавен инфраструктурен објект синоќа во градот на Црното Море, соопшти регионалната управа на Одеса, но не соопшти повеќе детали.

Воздухопловните сили на Украина соборија десет од 12-те беспилотни летала, се вели во соопштението.

Русија ја нападна соседна Украина пред повеќе од една година и постојано ја напаѓа со борбени дронови од минатата есен, често напаѓајќи ја јавната инфраструктура како што се електрани.

Германија во текот на ноќта откри дека и дала на Украина одбранбен систем Патриот за да и помогне на земјата да се заштити од налетот на руски ракети.

Системот е наведен на веб-страницата на германската влада која ги каталогизира пратките на оружје од Берлин до Украина.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.