Украина: Русија гаѓаше цивилна и воена инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили не ги прекинуваат офанзивните операции во источната оперативна зона.

Loading...

Руската авијација гаѓаше цивилна и воена инфраструктура на исток и индустриски објекти во длабочините на територијата на Украина, пренесува Укринформ.

 

Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот

 

Се додава дека главните напори на руските сили се концентрирани на правецот Доњецк.

Украинскиот Генералштаб наведува дека руските сили во Мариупол продолжуваат со артилериски и воздушни напади и дека главните напори се концентрирани на блокирање на украинските единици во зоната на фабриката Азовстал.