Украина: По руско гранатирање горат силоси со жито

Сподели со своите пријатели

Русите, наводно, вчера удриле во силоси за жито во Миколаив, второто по големина пристаниште во Украина, а пожарот продолжува и во среда, соопшти локалната служба за итни случаи.

Loading...

„Поради гранатирањето на Миколаев, се запалија силоси за жито и инфраструктура во областа Корабелни“, објавија денеска службите на Фејсбук. „Борбата против пожарот продолжува“.

Властите објавија фотографии со дупки на металните покриви на најмалку два силоса и пожарникари кои го гаснат пожарот.

Зафатена е површина од 200 метри квадратни, додаваат службите.

Украина спроведува контраофанзива во областа на Миколаев

Миколаив е дом на неколку главни терминали за жито, од кои некои беа мета на руски напади во минатото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски оди во Париз, можна е негова средба со Трамп

 Украина моментално спроведува контраофанзива во таа област за да ги протера руските сили од блискиот Херсон.

Витера, дел од Гленкор, е една од компаниите со инфраструктура во Миколаев, кој лежи на реката Јужен Буг, недалеку од Црното Море.

Нејзиниот терминал се запали во јуни, а не се знае дали тоа се повтори во вторникот.

Loading...

Украинскиот извоз на жито е десеткуван откако Русија започна инвазија на 24 февруари и го блокираше патот на Црното Море, што доведе до зголемени цени на храната низ целиот свет и страв од недостиг на Блискиот Исток и Африка.

Три црноморски пристаништа беа деблокирани во јуни според договорот меѓу Москва и Киев, а Украина посочува дека истото сака да го постигне и за Миколаев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина претстави уште едно моќно хибридно оружје (ФОТО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.