Украина: Одбивме повеќе од 40 руски напади за 24 часа

Сподели со своите пријатели

Главниот штаб на украинската армија утринава соопшти дека одбил повеќе од 40 руски напади во последните 24 часа.

Loading...

Според соопштението, Русија во тој период истрелала 53 ракети и 5 проектили и извршила 18 воздушни напади низ Украина.

Москва продолжува да ги фокусира нападите на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка – четири града во источниот регион Доњецк, тврди украинската војска.

„Во текот на денот, украинските воздухопловни сили извршија шест воздушни напади врз концентрации на руски сили и воена опрема“, се наведува во извештајот, додавајќи дека украинските одбранбени сили собориле три руски беспилотни летала и три наведувани бомби во последните 24 часа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.