Украина ја гранатираше Воената администрација во Херсон

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а уште едно е повредено во напад на украинските сили врз центарот на Херсон на југот на Украина со американски ракети ХИМАРС, пренесува РИА Новости.

Loading...

Заменик-шефот на проруската регионална администрација, Екатерина Губарева, рече дека експлодирале најмалку пет ракети, од кои едната ја погодила зградата на Воената управа.

Таа изјавила дека повредената била вработена во Управата, додека нејзиниот возач загинал.

Според неа, во моментот на нападот во зградата се одржувал состанок на кој учествувале раководителите на градските администрации и општинските окрузи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Гранатирана Одеса

Спасувачите моментално ги расчистуваат урнатините, властите ги предупредија жителите на можноста од нов напад.

Кон крајот на август, вооружените сили на Украина започнаа контраофанзива во правец на Херсон, за која руската страна тврди дека била одбиена.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.