Украина доби борбени авиони: „Ги зајакнавме нивните воздушни сили“

Сподели со своите пријатели

Не е познато каков тип на авиони се испратени на украинската армија која со недели бара испраќање борбени авиони.

Loading...

На Украина ѝ биле дадени борбени авиони и резервни делови за да ги зајакне своите воздушни сили, изјави во вторникот портпаролот на Пентагон Џон Кирби, одбивајќи да го открие нивниот број или имињата на земјите што ги испратиле.

 

Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот

 

„Од денес имаат повеќе борбени авиони отколку пред две недели“, изјави портпаролот на прес-конференција.

„Без да навлегувам во детали за содржината на пратките од други земји, само ќе кажам дека добија дополнителни борбени авиони и резервни делови за да ја зголемат својата флота“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Не кажа каков тип на авион е испратен до украинската армија, која со недели бара борбени авиони, но рече дека се работи за авион од руско производство.

Loading...

 

Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот

 

„Другите земји кои имаат искуство со такви авиони им помогнаа да имаат повеќе авиони во функција“, рече тој.

Тој додаде дека САД, кои не сакаат да се мешаат во овој конфликт, помогнале да се испратат резервни делови во Украина, но не испратиле авиони.

Киев побара од западните партнери МиГ-29, со кои неговите пилоти знаат да летаат и со кои располагаат мал број земји од Источна Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

 

Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот

Loading...

 

За можното испраќање на такви руски авиони од Полска се разговараше на почетокот на март, но САД подоцна се спротивставија, плашејќи се дека Русија може да го сфати тоа како директна интервенција на НАТО во конфликтот.