УХМР со вонредна временска најава за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса, а денес и под периферно влијание на висински циклон со центар над Италија, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален слаб дожд. Поради изразеното јужно струење на повисоките места ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен, но интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните делови.