УХМР со најава за дожд, грмежи и значително заладување

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса утре попладне ќе настапи значителна промена на времето, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м 2 .

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.