УХМР со најава за дестабилизација, дожд на пониските, снег на повисоките места

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта на северозапад ќе има повремен дожд на пониските места, кој понекаде на повисоките места ќе преминува во снег, а на планите на северот ќе има повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а планините и на некои повисоки места со повремен снег.

Преку ноќта кон среда и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и во среда претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час).

Потоа следува период на стабилно и се потопло време.

Никола Ивановски

Leave a Reply