Ученички го симнаа хиџабот во Иран во знак на протест

Сподели со своите пријатели

Ученичките во Иран се приклучија на протестите кои траат веќе неколку недели во оваа земја поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор поради неносење хиџаб, јавува Би-би-си.

Loading...

На видео снимките, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си, се гледаат тинејџерки кои мавтаат со шамии за време на протестите во училишните дворови и на улиците.

За време на протестот тие извикуваа слогани против свештеничката влада – „мулите (верските достоинственици) мора да си одат“.

Слични пароли се слушаат и на протестите низ Иран кои траат веќе две недели.

На видеото, кое се појави на социјалните мрежи во понеделникот, се гледа како девојка од Карај, град западно од иранската престолнина Техеран, турка маж, за кој се верува дека е директор на училиште, надвор од зграда и извикува „срам да ви е“.

„Ако не се обединиме, ќе не убијат една по една“, се слушаше на друга снимка од ученички во Караџ.

Неколку десетици ученички во понеделникот го блокираа сообраќајот во градот Шираз, во јужен Иран.

Тие мавтаа со шамии и го извикуваа слоганот „смрт за диктаторот“, кој се однесуваше на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Loading...

Протести во вторник имаше и во Техеран, како и во северозападните градови Сакез и Санандај.

Беше забележано и дека неколку ученички стоеле во училниците без хиџаб.

Некои го покажаа средниот прст насочен кон портретите на ајатолахот Хамнеи и основачот на Исламската Република Иран, ајатолахот Рухолах Хомеини.

Протестите на ученичките во Иран почнаа еден час по обраќањето на Хамнеи, во кое се вели дека државата ќе одлучи за крај на случајот со смртта на 22-годишна девојка.

Во своето обраќање, ајатолахот ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел, земји кои Иран ги смета за непријатели, дека ги организираат протестите.

Тој, исто така, даде целосна поддршка на безбедносните сили, кои на протестите одговорија со насилно задушување.

Немирите избија по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амин.

Таа беше приведена од полицијата за морал во Техеран на 13 септември под обвинение дека не го почитувала законот за носење хиџаб.

Loading...

Амини паднала во кома и починал во болница три дена подоцна.

Семејството на оваа Курдка ги обвини полицајците дека ја удирале со палки по глава.

Полицијата ги негираше обвиненијата за насилство против Махса, а како причина за смртта ја наведе „ненадејната срцева слабост“.

Првиот протест е организиран во северозападниот дел на Иран, кој е населен со Курди и каде живеела 22-годишната жена.

Наскоро тие се проширија и во другите делови на земјата.