Ученичка пукала во училиште во Русија и се самоубила. Пет лица се ранети

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот наутро имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тас.

Loading...

Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.

Според првичните информации, ученикот испукал неколку истрели, при што пет лица се повредени.

„После тоа девојката се самоубила“, соопшти полицијата.

Се утврдуваат мотивите и околностите на настанот, пренесува ТАСС.