Убиле 12 војници на спиење: Исламската држава нападнала касарна во Багдад

Сподели со своите пријатели

Вооружени луѓе од екстремистичката група Исламска држава денеска нападнале воена касарна во планинска област северно од Багдад, при што убиле 11 војници кои спиеле, соопштија ирачките безбедносни претставници.

Loading...

Тие рекоа дека нападот се случил во областа Ал-Азим, отворена област северно од Бакуба во провинцијата Дијала.

Околностите за нападот не беа веднаш познати, но двајца официјални лица изјавија за АП дека милитантите на Исламската држава упаднале во касарната во 3 часот наутро по локално време и ги убиле војниците.

Нападот, извршен на 120 километри северно од главниот град Багдад, е еден од најсмртоносните напади врз ирачката армија во последните месеци.