Уапсени оперативци на ЦИА во Иран, им се заканува и смртна казна

Сподели со своите пријатели

Иран соопшти дека се приведени 17 ирански државјани кои наводно американската ЦИА ги регрутирала за шпионирање за нуклеарни и воени локации како и дека некои од нив веќе се осудени на смрт.

Loading...

Еден ирански разузнавач за весниците во Техеран рекол дека тие луѓе биле приведени во претходните месеци и дека работеле на „чувствителни места“ во воени и нуклеарни објекти.

Тој не навел колкумина се осудени на смрт ниту кога ќе им бидат изречени казните.

Објавата доаѓа во момент кога нуклеарниот договор на Техеран и светските сили се распада, а тензиите во Персискиот залив се засилени. Кризата започнала кога претседателот на САД Доналд Трамп минатата година одлучил да ја повлече својата земја од договорот и да воведе санкции за Иран.

Иранскиот политичар кој ја дал изјавата за весниците не се претставил, но е иденфитикуван како директор на Отсек за контраразузнавање во иранското Министерство за разузнавачки работи. Таквата процедура е многу невообичаена во Иран, каде политичарите обично се претставуваат на конференциите за новинари.

Тој додал дека ниту еден од 17те наводни шпиони, кои има „софистицирана обука“, не успеале во мисијата за саботажа.

Според него, нивните шпионски задачи вклучување собирање информации за објектите во кои работеле, изведување технички и разузнавачки активности и пренос и поставување опрема за набљудување.

Политичарот тврдел и дека ЦИА на приведените им ветила американски визи и работа во САД и дека некои од агентите ја смениле страната и дека сега во неговиот отсек работат „против САД“.

Loading...

Приложил и диск со видео снимка од наводна странска шпионска која работи за ЦИА. На дискот има и имиња на неколку вработени во американската амбасата во Турција, Индија, Зимбабве и Австрија за кои Техеран тврди дека биле во контакт со регрутираните ирански шпиони.

Иран повремено објавува апсења на наводни шпиони кои работат за странски земји, пред се САД и Израел. Во јуни е соопштено дека е погубен поранешен вработен во Министерството за одбрана кој е осуден за шпионирање за ЦИА.

Во април е соопштено дека иранските власти во текот на последните години откриле 290 шпиони на ЦИА во Иран и странство.

Image by Chickenonline from Pixabay

Leave a Reply