Уапсени четири лица откако во камион пронашле 18 мртви мигранти

Сподели со своите пријатели

Бугарската полиција уапси четири лица откако во напуштен камион во близина на Софија пронашла тела на 18 мигранти од Авганистан, меѓу кои и едно дете, соопштија властите.

Loading...

Високиот полициски функционер Атанас Илков изјави дека едно од четирите приведени лица веќе е осудено за трговија со луѓе.

Бугарското МВР соопшти дека камионот превезувал дрва и скриени илегални мигранти, а бил пронајден во близина на селото Локорско.

Шефот на бугарската национална истражна служба, Борислав Сарафов, за новинарите изјави дека некои од мигрантите се задушиле.

Според него, мигрантите илегално ја преминале границата со Турција и два дена се криеле во шумата пред да влезат во камион во близина на градот Јамбол во југоисточна Бугарија.

Бугарскиот министер за здравство Асен Меџидијев изјави дека 34 мигранти, меѓу кои пет деца, се итно пренесени во софиските болници.

Некои од мигрантите, како што рече, се во критична, но стабилна состојба.

Тој додаде дека во камионот немало доволно кислород.

Loading...

„Смрзнаа, беа мокри, не јадеа неколку дена“, рече Меџидиев.