Уапсен поранешниот градоначалник на Екатеринбург

Сподели со своите пријатели

Поранешниот градоначалник на Екатеринбург, Евгениј Роизман, е приведен во рамките на кривичната постапка за дискредитација на руската армија, пренесува ТАС С, повикувајќи се на безбедносните служби на овој регион.

Loading...

„Роизман е приведен утрово, полицијата дошла кај него дома. Против него е покрената кривична постапка за дискредитација на руската армија“, изјавил изворот за руската агенција.

 

 

 

Неговата адвокатка Јулија Федотова за ТАС С изјави дека не може да ја потврди информацијата, бидејќи и самата дознала за апсењето од медиумите.

Судот во Екатеринбург го казни Роизман три пати оваа година за дискредитација на вооружените сили на Русија на социјалните мрежи и за непочитување на властите, јави ТАС С.

Роизман беше градоначалник на Екатеринбург од 2013 до 2018 година, а Ројтерс известува дека тој е еден од неколкуте критичари на Кремљ кои освоија градоначалнички позиции на изборите по серијата големи демонстрации на опозицијата во 2012 година.

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.