Твитер најави нови измени, а еве за што станува збор

Сподели со своите пријатели

За да го спречи онлајн вознемирувањето, Твитер објави дека наскоро ќе овозможи можност за контрола кој може да остави коментари под твитовите на корисниците.

Loading...

Говорејќи на настанот за време на Саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, Сузан Кси, извршен директор за управување со производи, рече дека оваа социјална мрежа носи значителни промени околу комуникацијата на оваа платформа.

Кси рече дека Твитер ќе обезбеди четири опции за ограничување на одговорите на различни нивоа – глобални, групни, панелни и официјални изјави, пренесува ТНВ.

– Тоа ви озмозможува подетална контрола врз одговорите на вашиот твит. Во моментов, Твитер само ви овозможува да ги скриете одговорите на специфични твитови. Најинтригантното ниво на заштита во твитот е „изјавата“. Очекувам да видам политичари, познати личности и други јавни личности кои ја користат таа опција“, рече таа.

Според австралискиот комичар Луис Сперс, кој зборуваше за опцијата, ова е одлична вест за анонимните корисници кои не сакаат да станат мета на масата заради нивните зборови.

Од друга страна, тој верува дека оваа опција најмногу ќе ја злоупотребат јавните личности за да спречат несогласувања или критики под нивните твитови.

Кси рече дека ова ја ограничува дезинформацијата преку твитови на кои не можете да одговорите, додавајќи дека компанијата ја истражува можноста да дозволи цитирање при ретвитување.

Сепак, ретвитите и цитираните твитови може да бидат малициозни и сè уште можат да ја имаат истата конотација како одговорите што се користат денес.

Loading...

Иако одговорите се видливи само кога проширите специфичен твит, цитираните твитови се видливи за сите следбеници на лицето што цитира. Така, ова може да охрабри повеќе луѓе да го цитираат оригиналниот твит и со тоа да шират говор на омраза уште повеќе.

За време на панелот, други директори на Твитер изјавија дека оваа социјална мрежа ќе добие повеќе „разговорни“ карактеристики, како што се наведените одговори (во моментов се тестираат во бета апликација на компанијата).

Во исто време, компанијата планира да ги подобри списоците и откривањето на темите.

Контролите споменати погоре, односно новините кој може да одговорат на вашиот твит, веројатно ќе охрабрат многумина да се бунат затоа што не можат да се вклучат во овие разговори.

Исто така, може да предизвика зголемување на бројот на луѓе што пријавуваат твитови со кои не можат да се согласат.

Leave a Reply