Турција заплени радиоактивен материјал вреден 70 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Турскат аполиција запленила ретка нуклеарна супстанција калифорниум 252 и привела четири лица во Анкара, пренесуваат турските медиуми.

Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат, пренесува телевизијата NTV.

Супстанцијата е откриена во возило на еден од приведените.

Одземени се 1,4 килограми радиоактивен материјал калифорниум, но засега не е познато каде е произведена.

Како се наведува од властите, истрагата е во тек.

Калифорниум, инаку е синтетички радиоактивен елемент кој се произведува во лаборатории и често се користи за работа на нуклеарните реактори.

Leave a Reply