Турција сака да купи 40 европски борбени авиони

Сподели со своите пријатели

Турција почна да разговара со европските земји за купување на 40 авиони Еурофајтер Тајфун, откако оцени дека нејзиното барање за купување американски борбени авиони Ф-16 можеби нема да биде одобрено, изјави денеска извор од турското Министерство за одбрана за Ројтерс.

Loading...

Министерот за одбрана Јасар Ѓулер минатата недела изјави дека Турција преговара со Велика Британија и Шпанија за купување на авиони Еурофајтер Тајфун, иако Германија се спротивстави на идејата.

Ѓулер денеска во Анкара разговараше за ова прашање со неговиот британски колега Грант Шапс, изјави извор на Ројтерс.

Во октомври 2021 година, Турција побара да купи 40 ловци Ф-16 на Локхид Мартин и 79 комплети за модернизирање на постојните воени авиони.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ја поддржа продажбата од 20 милијарди долари, но имаше приговори во американскиот Конгрес поради доцнењето на Анкара со проширувањето на НАТО во Шведска и Финска, како и за состојбата со човековите права на Турција.

„На турското воздухопловство му требаат нови авиони. Нашиот прв избор е Ф-16. Но, со оглед на можноста да не добиеме позитивен одговор, борбените авиони Еурофајтер Тајфун се најдобрата алтернатива“, рече изворот.

„Официјални лица на Велика Британија велат дека можат да помогнат да се убеди Германија да ги повлече своите приговори“, додаде тој.

Еурофајтер е маневрирачки, повеќенаменски борбен авион со два мотори од четвртата генерација. Создаден е преку соработка и соработка на Британија, Германија, Шпанија и Италија.

Loading...

Наменет е за воените потреби на овие земји, но и за извоз, пренесува Танјуг.