Трудница секој ден пие енергетски пијалоци, еве зошто експертите не го препорачуваат тоа!

Сподели со своите пријатели

Бремената Шенон толку многу ги сака енергетските пијалоци што е на удар на критики поради нејзината навика. Имено, таа пие и до две лименки од овој пијалок неделно, но смета дека тоа не ја прави лоша мајка.

Loading...

„Не ми е гајле дали ме мразите. Мојата бременост, моја одлука. Едноставно е“, напиша таа на ТикТок, покажувајќи го средниот прст кон секој што мисли дека треба да го избегнува тоа додека е бремена.

 

 

Видеото набрзо беше преплавено со коментари на луѓе кои не се согласуваат со него и веруваат дека прекумерното внесување кофеин е штетно за нероденото бебе.

„Да, тоа ве прави лоша мајка затоа што го ризикувате здравјето на вашето неродено дете“, напишала една личност.

„Дури и овие пијалоци велат дека не се за трудници. Намерно го загрозувате вашето дете кое може да се роди зависно од кофеин“, додаде друг.

Loading...

 

 

Бременоста и доењето може да резултираат со замор, несоница и недостаток на енергија, па разбирливо е родителите да бараат такви решенија. Сепак, ризиците од конзумирање на енергетски пијалоци ги надминуваат нивните придобивки кога сте бремени или доите.

Експертите ги советуваат трудниците да се држат настрана од енергетските пијалоци бидејќи содржат високо ниво на кофеин и други стимуланси, а можат да предизвикаат стрес, висок крвен притисок и отчукување на срцето. Исто така, за време на бременоста, треба да го ограничите внесот на кофеин, шеќер и вештачки засладувачи и да избегнувате одредени растенија и адитиви, а сите тие се наоѓаат во енергетските пијалоци. Истото важи и за мајките кои дојат.

 

 

Loading...

Внесувањето на кофеин за време на бременоста треба да се ограничи на 200 милиграми дневно, што е еквивалентно на две шолји кафе, пишува VeryWellFamily.