Тројца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода што се случила вчеравечер на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 10.01.2021 околу 19.40 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  моторно возило  „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(31) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка и патничко моторно возило „шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Никола Ивановски

Leave a Reply