Тројца млади загинаа во Италија: Со автомобил удриле во силос

Сподели со своите пријатели

Тројца млади луѓе загинаа денеска во северна Италија кога нивниот автомобил удрил во силос на фармата Казагранде во близина на градот Форли, кој се урнал и паднал врз автомобилот.

Loading...

Силосот бил многу тежок и полн со добиточна храна за живина.

Една од жртвите имала 18 години, додека две жртви се малолетни, соопшти противпожарната служба на градот Форли, кој се наоѓа во близина на Болоња, во регионот Емилија Ромања.

Според италијанските медиуми, жртвите се од Северна Африка, но полицијата на градот Форли сѐ уште не ја потврдила оваа информација.