Три лица од кумановско повредени во сообраќајка, едниот малолетник

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово и Липково биле повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера на автопатот Скопје – Куманово.

Loading...

Најтешко повреден е малолетник кој бил сопатник во едно од возилата.

– На 14.01.2021 во 18.40 часот во СВР Скопје  било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од с.Слупчане, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Општа болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply