Три инфраструктурни и 22 проекти од годишна програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за култура одвои 12 милиони и 450 илјади денари за реализација на инфраструктурни проекти за Националната установа- Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово под чии ингеренции се зградата на центарот и кумановскиот театар, информираа денеска надлежните од установата.

Loading...

Дополнително над пет милиони денари, Министерството одвои за реализација на годишната програма.

– Годинава ќе започне проектот за гасификација на објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, за којшто се подготвува тендерската документација за првата фаза, односно проверката на постоечкиот систем. Истовремено се подготвува и тендерската документација за првата фаза за реконструкција на објектот на Театар Куманово, којшто е многу посложен и којшто вклучува повеќе фази-изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

НУЦК „Трајко Прокопиев“ аплицирал со три проекти за подобрување на условите за работата на институцијата.

Проектот за изведба на систем за гасификација на НУЦК „Трајко Прокопиев, вклучува проверка на постоечкиот систем, односно дефектажа и чистење, зајакнување на конструкцијата на просториите каде што се предвидени котлите за гас, како и набавка на потребната опрема.

За овој проект одобрени се средства во висина од 2.300 000 денари. Центарот повеќе од деценија нема греење што оневозможува да се реализира програмата во зимскиот период. Годинава, овој објект прославува 40 години од функционирањето.

Реконструкцијата на објектот на кумановскиот театар, кој е посебна зграда вклучува темелна санација и реконструкција на целата зграда, набавка на нова сценска техника.

За овој проект одобрени се средства во висина од десет милиони денари за правата фаза каде ќе се изведуваат само градежните работи.

Loading...

Последниот проект е за набавка на професионална музичка миксета за којшто се одвоени средства во висина од 150.000 денари.

Тодоровски информираше дека за годинава, ресорното министерство одвоило над пет милиони денари за вкупно 22 проекти од литературната и издавачката дејност, за визуелни уметности архитектура и дизајн, музичката и музичко сценска дејност, за драмска и фолклорна дејност.

Leave a Reply