Три градинки и нови детски и спортски катчиња, најави Ѓорѓиевска

Сподели со своите пријатели

Нови детски градинки, детски катчиња и спортски терени најави вечерва од градскиот плоштад носителката на независната листа на кандидати за советници во Советот на Општина Куманово „За наше Куманово“, Ивана Ѓорѓиевска.

Loading...

Како што вели таа, како мајка, бара поддршка од сите жени, за да градот биде многу попримамлив за нашите деца.

– Да не ни бегаат во странство, сакам да останат тука покрај нас да ни се чуваат да ги се радуваме, да не ги гледаме преку Вибер и Скајп. Она што е предвидено се отворање на три градинки и тоа во населба Карпош, Зелен рид и Бајрам Шабани. Ќе изградиме детски катчиња во секоја урбано место и месна заедница, ќе дадеме помош и поддршка на самохраните родители, родители кои зимаат социјална помош. За соживот да се развива од мали нозе ќе отвориме детски мултиетнички центар, детски креативни катчиња и отворени спортски зони, рече Ѓорѓиевска.

Ѓорѓиевска најави организирање спортски детски игри за да јакне духот на децата, бидејќи, како што рече, колку повеќе се занимаваат со спорт, толку се подобри како личност.

– Бидејќи сме домаќини ќе вложиме во гасификација на училиштата, во енергетска ефикасност ќе ги доградуваме и доопремуваме училиштата затоа што новата концепција за основно, а здравје и за средно ни е на врата и мора да го изгураме како што треба, смарт табли, дигитална опрема и надгледни средства. За младите и средношколците ќе формираме средношколски младински центар во рамките на Општинскиот младицнски центар, просторот на градскиот базен, и затворен и отворен нема да биде кафуле, нема да биде кафана туку јавна соба за нашите млади во кои ќе учат, ќе бидат креативни и ќе се забавуваат, рече таа.

На кандидатската листа, како што рече, има Македонци, Албанци, Срби, но и еден Ром, кој вели, „вреди за целото сребро што го донесе од Олимпијада“.

– Оваа листа е листа на квалитетни луѓе, луѓе докажани во својата работа, ова е листа во која никој на никому не му должи, оваа листа е составена од непартиски луѓе, ова е листа на која никој не може да му каже како да гласа. Зад нас не стои никаква партија, ние не должиме никому, и така и ќе остане. Не слушаме наредби, ама даваме отчет и тоа единствено пред граѓаните на Куманово. Јас сум уверена без разлика колку советници од оваа екипа ќе влезат во Советот на Општина Куманово првин ќе бидете прашани вие, за секоја одлука, за секој проблем за се што ќе донесеме во Советот ќе остане коалицијата меѓу граѓаните и советниците, додаде таа.

Никола Ивановски

Loading...