Три дена се качувале до врвот на планината за да се венчаат таму (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младенците Џони Пачеко и Хејди Пако се венчаа на врвот Илиманија, планина во западна Боливија, пишува Метро.

Loading...

На парот и на сите учесници во венчавката им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината.

Џони и Хејди, кои се од боливискиот град Кочабамба, ги дале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

 

 

„Тие се и спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Затоа одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина”, вели Агустин Гонзалес, планинар и кум на младоженецот.

Неколку учесници носеа венчаница, украси и храна за прославата, со што им беше тешко да стигнат до врвот, бидејќи носеа дополнителни 20 килограми тежина.

Loading...

Двојката имале многу среќа со времето, бидејќи цело време било сончево и со пријатна температура, а видеото од венчавката беше објавено на Јутјуб.