Трамп стартува своја социјална мрежа

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе отвори своја социјална мрежа „TRUTH Social“, која, како што вели, ќе се спротивстави на Фејсбук и Твитер кои му забранија пристап до нив на нивните платформи.

Loading...

– Живееме во свет каде Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, додека вашиот омилен американски претседател е замолчен. Тоа е неприфатливо – наведува Трамп. ТМТГ е основана со мисија на сите да им даде глас. Возбуден сум што наскоро ќе почнам да ги споделувам моите мисли на интернет и да се борам против другите.

Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи му забранија на Трамп пристап до платформите откако стотици негови поддржувачи упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари.

Протестите следуваа по говорот на Трамп во кој тој лажно тврдеше дека неговиот пораз на изборите во ноември е резултат на широката измама, што беше побиено од бројни судови.

„Фејсбук и Твитер сега ќе загубат уште поголеми пазарни удели“, рече Џејсон Милер, поранешен советник на Трамп.