Трамп: Ги прочитавме глупостите што ги испратија Иранците. Примирјето е на апарати

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека примирјето меѓу САД и Иран сега е „на апарати“, додека преговорите меѓу двете земји се повеќе заглавуваат и влегуваат во ќорсокак.

Во понеделник, Трамп рече дека договорот е „неверојатно слаб“, додавајќи дека тоа е „најслабиот предлог откако ги прочита глупостите што ни ги испратија“, објавува Индепендент.

Тој исто така рече дека дури и не го прочитал целиот ирански одговор.

„Зошто да си го губам времето читајќи го тоа? Би рекол дека ова е еден од најслабите предлози досега. Примирјето е на апарати… Би рекол дека е буквално на масивни машини за одржување во живот“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Големи шумски пожари беснеат во Флорида. Илјадници хектари изгорени (ВИДЕО)

Неговите изјави доаѓаат откако претходно ги нарече предлозите на Иран „целосно неприфатливи“, што предизвика остра реакција од Техеран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, на прес-конференција во понеделник изјави дека предлозите на Техеран се „дарежливи“ и „легитимни“.

„Иран бара крај на војната, укинување на американската блокада и пиратството и ослободување на иранските средства што беа неправедно замрзнати во банките под притисок на САД“, рече Багаеи, пренесува Тпортал.