Трамп: Се радувам на средбата со Си, лидер кого сите го почитуваат

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека „со нетрпение го очекува своето патување во Кина“, како што рече, „неверојатна земја“, и средбата што ќе ја има со „лидерот, претседателот Си Џинпинг кого сите го почитуваат“.

„Големи работи ќе се случат за двете земји“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Истина.

Кинеското Министерство за надворешни работи претходно објави дека, на покана на кинескиот претседател, Трамп ќе престојува во официјална посета на Кина од 13 до 15 мај.

Кина и САД ќе разменуваат мислења за билатералните односи, светскиот мир и развојот за време на претстојната средба во Пекинг, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Гуо Џиакун, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американец (86) им нуди на Гренландците по 200.000 долари ако се согласат да бидат Американци

Порано, високи американски претставници изјавија за Блумберг дека за време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, Трамп треба да го постави прашањето за ставот на Кина кон Иран, како и темите за вештачката интелигенција, трговијата и енергијата, како и ретките метали.