Типови на мажи кои сепак не се за брак

Сподели со своите пријатели

Не баш сите мажи се создадени за долги врски, колку и да ви се допаѓаа. Не го губете драгоценото време, обидувајќи се да го оправдате својот избор пред другите и пред самите себе. Можеби е вистинско време да застаете и да размислите уште еднаш.

Loading...

Тие се идеални за нешто пократко, затоа што долгорочно само ќе ве повредат. Овие типови на мажи никогаш нема да ве запросат.

 

 

Лошо момче кое сте успеале да го „смирите“

Лошите момчиња секогаш остануваат лоши и тоа не се менува. Дури и да успеете да го убедите дека врската е она што му треба, долгорочно баш таа врска ќе му пречи, затоа што не е создаден за такви работи.

Фраер кој долго го чекате

Loading...

Оној кој никогаш не бил доволно заинтересиран или доволно слободен, но секогаш ви дава надеж дека еднаш можеби ќе биде. Иако мислите дека чекањето е романтично, само го трошите своето време, затоа што тој и краткорочно и долгорочно е незаинтересиран.

 

 

Пријател со бенефиции

Тој е навистина добар и знае дека од вас во иднина нема да биде ништо, но дали вие тоа го знаете? Голем број жени живеат убедени дека нивниот „посебен пријател“ кога-тогаш ќе се вљуби во нив. Ќе се вљуби сигурно, но не во вас.

Имајте предвид дека големите очекувања донесуваат големи разочарувања.