Тинејџер преживеал сам 49 дена на отворено море

Сподели со своите пријатели

Алди Новел Адиланг (19) бил на рибарски сплав 125 километри од индонезискиот брег кон средината на јули кога поради силниот ветер се искинало јажето на сидрото.

Со оглед дека сплавот нема мотор ниту весла, тинејџерот отпловил илјадници километри понатаму, недалеку од Гуам, каде на крајот го спасил панамски брод.

Момчето од индонезискиот остров Сулавеси работело на рибарски сплав на кој се фаќаат риби со помош на светилки.

Бил на риболов, па забележал огромна темна сенка кој го обиколува бродот (ВИДЕО)

Loading...

Секоја недела тинејџерот добивал нова нарачка за храна и вода од работоцавецот кој доаѓал по риба. Кога силните ветрови го фрлиле далеку на морето, имал само ограничена количина храна и вода. Рекол дека бил исплашен и дека плачел.

Пиел и морска вода и јадел риба која ја ловел, а потоа готвел палејќи ја дрвената ограда на сплавот.

– Секогаш кога видел голем бод, рече дека се понадевал, но покрај него минале повеќе од десет бродови. Ниту еден не застанал ниту го забележал, изјави индонезискиот дипломат во Јапонија Фахар Фирдаус за Џакарта пост.

Го спасил панамски брод кај Гуам на 31. август и го префрлил во Јапонија.

Адиланг во Јапонија дошол на 6. септември и два дена подоцна се вратил во Индонезија.

Leave a Reply