Тина била клинички мртва 27 минути: Кога се разбудила веднаш ја напишала оваа порака

Сподели со своите пријатели

Сè е реално – им рекла Тина Хајнс, мајка на четири деца, на најблиските, кога лекарите успеале да ја оживеат по срцевиот удар што го доживеала во 2018 година.

Loading...

Тина доживеала срцев удар додека планинарела со сопругот, кога ненадејно колабирала.

Нејзиниот сопруг додека ја чекал брзата помош успеал еднаш да ја оживее, но таа повторно паднала во несвест.

Брзата помош ја реанимирала уште шест пати, а таа била без пулс вкупно 27 минути.

Во болница била интубиирана и не можела да зборува, но штом дошла на себе побарала пенкало и хартија за да напише нешто.

 

 

Loading...

– Се е реално – била нејзината порака која и денес ја чува и тврди дека се однесувала на рајот. Имено, таа е убедена дека тие 27 минути, кои според лекарите била мртва, ги поминала во рајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

– Беше целосно опипливо, боите беа толку живи – рече таа и додаде дека во тој рај го видела Исус како стои пред голема црна врата зад која се гледаше жолт сјај.

Кога членовите на семејството ја прашале во болница, откако ја напишала пораката, за што навистина пишува, таа ја насочила главата нагоре.

Приказната за оваа жена, која од овој чудесен настан се занимава со мотивационо говорење, прв ја објавил нејзиниот роднина.

На раката има истетовирано порака која тетка и ја напишала веднаш по враќањето на „земниот живот“.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Madie Johnson (@madiejohnson)

 

 

Loading...

– Мојата тетка Тина, една од најневеројатните, најпребирливите и здравите луѓе што ги познавам, имаше неочекуван срцев удар. Ја ставија на дефибрилатор и откако за чудо се разбуди, првото нешто што го направи, бидејќи не можеше да зборува затоа што беше интубирана, беше да бара пенкало и да напише во дневникот на мојот братучед „Тоа е реално“, напиша таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Оваа приказна на социјалните мрежи ја сподели и жената која ја направи нејзината тетоважа, а потоа почнаа да се слеваат коментари на луѓе кои имале очигледно слични искуства.

 

 

 

– Го видов тоа. Најубавото чувство на светот. Бев на топло, светло и убаво место. Се обидував да допрам до еден од луѓето пред мене. Многу сакав да дојдам до нив, но претпоставувам дека не беше мое време да останам“, напиша еден корисник.

– Умрев во 2009 година и ја доживеав убавината на рајот и неизмерната љубов кон Бога. Ме промени засекогаш. Бев обична учителка, сопруга и мајка која потајно се сомневаше дали Бог може да ме сака. Разбрав се

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Научните студии покажаа дека Хајнс не е сама во своето искуство.

Loading...

Еден труд од 2013 година во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека мозокот може да доживее „зголемена свест“ по срцев удар.

Главниот автор на студијата, д-р Џимо Борџиџин, изјави за Би-Би-Си дека „многу луѓе мислат дека мозокот по клиничката смрт е неактивен или хипоактивен, но докажано е дека тој е многу поактивен за време на процесот на умирање отколку кога е буден.

Според студијата, за време на клиничката смрт, поради реанимација, има „електрични удари во мозокот“, кои се одговорни за интензивните искуства живописно опишани од преживеаните.

Сепак, многумина веруваат дека искуството е духовно.

Хајнс го искористи чудесното искуство за да работи како христијански мотивациски говорник, дури и напиша книга во која опишува како умирањето и го промени животот.