Тие се најбогатото семејство во светот: Заработуваат 70.000 долари во минута (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најбогатото семејство во светот, семејството Волтон, заработува 70.000 долари секоја минуга, пишува Блумберт.

Loading...

Тоа значи дека за еден час ќе инкасираат дури 4,2 милиони долари, а во исто време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари.

Семејството Волтон, се сопственици на најпознатиот американски малопродажен ланец Волмарт и моментално располагаат со нешто над 190 милијарди долари.

Тоа се 39 милијарди повеќе отколку во јуни минатата година, пишува американската медиумска бизнис мрежа Блумберг, чиј сопственик Мајкл Блумберг, управува со царство од 60 милијарди долари.

Меѓу Волтонови најбогати се браќата Џим и Роб чии богатства се проценуваат на по 48,8 милијарди долари, а тука е и сестрата Елис која има 48 милијарди.

Лукас Волтон, син на третиот брат Џон кој починал во 2015 година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари.

Ен Волтон Креонке и Ненси Волтон Лори, ќерки на коосновачот на Волмарт, Бад Волтон, „тешки“ се по околу шест милијарди долари, како и Кристи Волтон, вдовицата на Џон Волтон.

Leave a Reply