Тие никогаш нема да бидат одвоени: Прогнозите биле лоши, но напредуваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сијамските близначки Нев и нели Колестајн споени се со главите. Главнта артерија во главата им е заедничка, поради што лекарите им рекле на родителите дека не постои можност за разделување.

Loading...

Исто така им рекле дека девојчињата ќе умрат брзо по раѓањето, а најдоцна до десетата година од животот, но тие, и покрај лошите прогнози, доживеале полнолетство и одлично напредуваат.

Сестрите живеат во Амстердам, каде родителите ги одвеле од родниот Суринамо, Јужна Африка, додека биле мали, во надеж дека таму ќе пронајдат лекар кој ќе прифати да ги оперира.

Сијамски близнаци киднапирани по раѓањето и мачени за нечовечки експерименти (фото+видео)

Меѓутоа, следуваше разочарување: иако секоја има одвоено тело, споените глави во нивниот случај значат дека делат главна артерија во главата која ги одржува во живот. Биле кај повеќе лекари, но сите се сложиле дека операцијата е поврзана со преголем ризик. Т.н. craniopagus сијамски близнаци се многу ретки (само два од шест отсто од сите сијамски близнаци се споени на овој начин).

Денес, кога имаат 18 години, нев и Нели велат дека и онака не би сакале да се разделат, и покрај патењето, кое го доживеале. Иако можат да се видат една со друаг само преку одраз во огледало, ги спојуваат нераскинливи врски и тоа не само во физичка смисла.

– Кога се родивме сите мислеа дека ќе умреме, но еве не. Имаме 18 години и цврство стоиме на земја, вели нели, а Нев додава.

Мајка на сијамски близнаци: Децата ми ги гледаат како чудовишта (видео)

Loading...

– Сите мислат дека една на друга си ги читаме мислите, но не е така. Секоја од нас има свои мисли и секоја оди и зборува независно од другата.

Кога биле млади, родителите ретко ги изведувале од домот во страв од реакцијат ана околината. Сакале да ги заштитат. Не е ни чудно, затоа што секогаш доживувале болни искуства.

– Беше ужасно. Луѓето и зборуваа на мајка ми дека ги родила поради пари. Тоа е навистина понижувачки. Одеа дури до таму што ги прашуваа родителите зошто не ја прекинале бременоста, вели Роузен, нивната постара сестра која има 24 години.

Факти за сијамските билзнаци: Денес има 12 живи во целиот свет

Сестрите биле многу чувствителни и несигурни, но со текот на времето стекнале самодоверба. Имаат свој накал на Јутуб, затоа што сакаат луѓето да ги запознаат и да остават трага. Исто така сакаат да го свртат вниманието на болеста.

– Можеби луѓето ќе престанат да гледаат во нас и да сфатат дека сме слатки, а не само „хендикепирани девојчиња“, вели Нели.

Јутуб им е шанса да запознаваат и други луѓе.

– Убаво е да знаете дека постојат луѓе кои ве прифаќаат, велат сестрите.

Loading...

Роузен е многу горда на Нели и Нев.

Тројца близнаци разделени веднаш по раѓањето: Кога повторно се сретнале ја откриле страшната вистина (ВИДЕО)

– Толку работи постигнаа и толку напредуваа. Верувам ви нивната среќна иднина. Во овој момент се уште се бараат себе, а ние ги пуштаме да одат со тоа темпо, вели таа.

Нели додава дека се навикнале на ваков живот.

– Дури и кога би било можно ние да се разделиме ние тоа не би го направиле. Најважно е да сме здрави, додава таа.

Фото: Youtube/Printscreen/Barcroft TV

Leave a Reply