Мајка на сијамски близнаци: Децата ми ги гледаат како чудовишта (видео)

Сподели со своите пријатели

Седумгодишните сијамски близначки од Верона, Британска Колумбија, се можеби едни од ретките близначки кои делат ист невролошки систем, т.е мозок и череп, но и покрај таквата споеност, тие научиле да зборуваат, па дури и да се расправаат меѓусебно, јавува abc.news.com.

Loading...

Иако родителите на Татјана и Кристи Хоган биле предупредени дека децата имаат мали шанси да преживеат, близначките ги надминале сите очекувања на докторите и наполниле седум години.

Девојчињата според кажувањата на нивната мајка Фелисија, сакаат да одат на училиште, да гледаат Power Rangers, а сакаат и слатки и торти.

– Тешко е, но засега не сакам ништо да се промени. И да можам да изберам како би живеела во следниот живот, јас пак ништо не би променила, вели таа.

Кога лекарите им соопштиле дека Фелисија носи девојчиња со споена глава, абортусот бил исклучен како можност, раскажуваат родителите. Наместо тоа, децата се ставени под силна медицинска нега и докторите се зачудени како доаѓа до тоа, тие сепак да живеат нормален живот.

Тие можат да се видат една со друга преку очи, да делат емоции, и засебно ги користат горните и долните екстремитети. Нажалост, девојчињата нема да може да бидат разделени поради поврзаноста со мозокот.

Луѓето според кажувањата на мајката ги гледаат како чудовишта, и често може да се слушнат коментари кои се недолични за таква појава.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.