Тетовчанка се обидела да шверцува дрога на Табановце

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. (33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психтропни супстанции и прекурсори”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 30.03.2018 година на Граничниот премин „Табановце“ на влез во Република Македонија, од страна на царински службеници, при детален преглед на патнички автобус под седиштето на кое седела пријавената, биле пронајдени и одземени, 13,44 грама хероин и шише со метадон, кои пријавената, во период од 26.04.2018 до 29.04.2018 година ги набавила во Самобор – Република Хрватска.

Leave a Reply