СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М. (44) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во текот на јули 2016 година лажно претставувајќи се како полициски службеник – инспектор во одделот за оружје и дрога при СВР Тетово, го довел во заблуда оштетениот Н.Б.(69) од Куманово ветувајќи дека ќе му помогне неговиот син да излезе од затвор при што земал вкупна сума од 20.000 евра или 1.230.000 денари.