Тешко повредено дете од Куманово во обид да направи фотографија

Сподели со своите пријатели

Во обид да направи фотографија, 14-годишник од Куманово заврши со тешки телесни повреди.

Loading...

Во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово викендов било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14,30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply